Том Круз го снима осмиот дел од „Невозможна мисија“

од Nikola Popovski

Том Круз денеска пристигна во Јужна Африка како би продолжил со снимањето на осмиот дел од блокбастерот „Невозможна мисија“. Досега беше критикуван од продукцијата бидејќи на самиот почеток потроши повеќе од 290 милиони долари за потребите на седмиот дел од филмот кој се уште ја нема својата премиера.

Додека премиерата беше одложена за 2023 година, а неколку пати беше прекинувана поради пандемијата на коронавирус, Круз реши да започне со снимање на осмиот дел со својот приватен хеликоптер.

Серија американски акциони шпионски филмови првпат стигнаа на екранот во 1996 година со Круз во улогата на „Итан Хант“, агент на силите за невозможни мисии.

Веќе се објавени седум филмови, со заработка од 3,578 милијарди долари на светскиот бокс офис. Локациите за снимање на претходните филмови се одвиваа на дестинации како Париз, Лондон, Нов Зеланд, Норвешка и Обединетите Арапски Емирати. Овој пат буџетот ги донесе на сончевиот брег на Мзанси.

Не се знае кога осмиот дел ќе се појави пред публиката.

Слични содржини