„Тортура“ ќе стартува од почеток поради отказ на еден од поротниците

од Vladimir Zorba

Судењето за „Тортура“ ќе стартува од почеток, бидејќи еден од поротниците си дал отказ поради што две ипол години од судењето пропаѓаат. Денеска во судница беше кажано дека судијката Александра Ристеска не е присутна поради здравствени причини.

Поради смената на поротникот постапката мора да почне од почеток, односно одново да се поканат сите сведоци и да се изведат сите докази.
Во „Тортура“ СЈО ги обивини ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи”, Ивица Антевски Пуки и уште петмина „алфи“.

СЈО ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на апсење на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски во 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Првото рочиште за предметот се одржа на 28 февруари 2018 година, а досега беа сослушани десетина сведоци.

Слични содржини