Тотенхем не се откажува од Заниоло

од Vladimir Zorba

Тотенхем ќе направи уште еден обид да го привлече крилниот напаѓач на Рома, Николо Заниоло, тврди „Тутоспорт“. Понудата на „Спарс“ е веќе одбиена, но Антонио Конте е решен да го доведе својот сонародник во Северен Лондон.

Јувентус е другиот кандидат за потписот на италијанскиот репрезентативец. И тој самиот преферира да премине во редовите на „бјанконерите“, но Рома му одреди цена од 50 милиони евра и нема намера да отстапи од тоа.

Заниоло е во Рома од 2018 година и за тоа време има 111 натпревари и 22 гола. Со неговиот гол „волците“ го совладаа Феенорд со 1:0 во финалето на Конференциската лига во мај.

Талентираниот напаѓач веќе два пати беше опериран по кинење на вкрстените лигаменти.

Слични содржини