Трајанов: Ако додаваме графи во личните документи, ќе дојдеме за кратко и до верска определност

Во своето гостување во „Топ тема“, лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, посочи и аргументираше зошто е против Законот за воведување на етничка графа во личните карти.

„Читајќи го законскиот проект кадешто меѓудругото што се содржи личната карта, се вградува сега и етничка припадност. Со тоа, државата наметнува секој граѓанин да се изјасни. Наместо да ги зајакнуваме човековите права и слободи, ние сега се определивме за друг концепт и во суштина ќе се нагласи меѓуетничката поделба, што дополнително ќе ги усложни работите во државата. Целта исто така беше да се вклучи граѓанскиот сектор, невладините организации и оние кои се борат за заштита од дискриминација. Ако вака почнеме да ги надоградуваме податоците во личните податоци, ќе дојдеме до поле каде ќе се бара верската определеност. Оттаму, и пописот ќе ни помогне ако ни се од интерес овие податоци. Етничката припадност ќе ја кажат во попишувањето граѓаните“, истакна Трајанов.

 

 

 

Слични содржини