Трамп демонстративно ја извади маската и испрати порака до Американците (видео)

од Nikola Popovski

Претседателот на САД, Доналд Трамп, демонстративно ја тргнал маската од лице по враќањето во Белата куќа од болницата „Валтер Рид“, каде се лекувал од Ковид-19. Трамп испратил порака до Американците да не се плашат од вирусот и да не дозволат тој да завладее со нивниот живот.

Трамп помина четири дена во болницата, а по враќањето во Белата куќа, тој се појави на балконот,  позирајќи пред фоторепортерите. Потоа демонстративно ја извадил маската и ги покажал палците нагоре, со цел да испрати порака дека е добро, јавуваат американските медиуми.

Веднаш по пристигнувањето во Белата куќа, Трамп сподели видео на Твитер во кое ги пофалил лекарите и медицинските сестри од болницата каде што престојувал.

Тој повторил дека научил многу за вирусот корона, но и дека не треба да се плашат.

„Едно е сигурно, не дозволувајте вирусот да владее над вас и да ви ги одземе животите, не плашете се, ќе го победите. Излегувајте надвор, но бидете внимателни“, рекол Трамп.

Тој додал дека САД ја имаат најдобрата медицинска опрема и лекови во светот и изјави дека „вакцината доаѓа веднаш“.

Трамп соопштил дека можел да ја напушти болницата порано, дека се чувствува одлично, подобро отколку во последните 20 години и дека сега може да биде имун на вирусот корона.

Според портпаролот на Трамп, Тим Мурто, американскиот претседател планира да учествува на претседателската дебата закажана за 15 октомври со демократскиот противник Џо Бајден, и покрај фактот дека е сеуште позитивен на Ковид-19.

На друга дебата што ќе се одржи во Мајами, кандидатите треба да одговораат на прашањата на гласачите.

Слични содржини