Трамп го напушти судот: Ослободен без кауција, судијата имаше само еден услов

од Vladimir Zorba

На Доналд Трамп му беше дозволено да ја напушти судницата без посебни услови или ограничувања за патување и без кауција.

Судијата Џонатан Гудман само нареди да не му биде дозволено да комуницира со потенцијалните сведоци во случајот.

Заминал низ гаражата со автомобил, без да оствари контакт со толпата. Според плановите, тој веднаш заминува на аеродром и тпатува за Бедминстер, Њу Џерси, каде утре се одржува вечера за собирање средства за неговиот 77 роденден.

Поранешниот американски претседател се појави во вторникот пред федералниот суд во Флорида, обвинет за задржување доверливи документи, што може да биде многу штетно за неговата изборна кампања.

Републиканецот, кој се обидува повторно да се кандидира за претседателската функција во 2024 година, е обвинет за незаконско задржување доверливи документи по напуштањето на Белата куќа, вклучително и документи поврзани со нуклеарното оружје, и за лажење на службениците кои се обиделе да ги вратат.

Слични содржини