“Њујорк тајмс”ја  објави веста и таа беше потврдена пред “Ројтерс” од амбасадорот во Нов Зеланд Марк Жилберт.

На 9 ноември – денот после победата на Трамп на изборите – Стејт департментот го известил сите слични амбасадори да испорачаат свои оставки. Но кај неколку претседателски администрации практиката е тие да ја извршуваат должноста уште неколку недели или месеци, главно поради семејни причини како потребата нивните деца да завршат со  училиштата.

Сега Трамп пресекува  со тоа до 20 јануари сите да ги  напуштиле позициите. Некои од засегнатите  раскажале пред “Њујорк тајмс” дека морале итно да аплицираат за виза на земјата во која работат, и да бараат соодветно место да живеат додека децата  да им ја завршат учебната година по неколку месеци.

Известувањето со бескомпромисен тон било испратено токму пред Божиќ – на 23 декември. Претставник на неговиот тим објаснува дека зад овој потег нема никаква злоумисли  и во  во странство треба да се почитува истиот принцип како за илјадниците политички назначувања во администрацијата на Белата куќа или федералните агенции.

“Политичките” амбасадри  обично се од редовите на големите донатори на кампањата на претседателот, се именуваат поради блиски односи со него и обично се повлекуваат на крајот на неговиот мандат. Дипломатите од кариера по правило ги задржуваат своите позиции.

ШТО ДОГОВОРИЈА АЛБАНЦИТЕ? ЕДИ РАМА И ХАШИМ ТАЧИ ИЛИ ИВАНОВ, ГРУЕВСКИ, ЗАЕВ- КОЈ Е ПОБИТНИОТ?

“Њујорк тајмс” меѓу засегнатите амбасадори  ги вброи  и оние во Чешка и Белгија, како и постојаниот претставник на САД во ОН во Женева.