Трамп поднесе тужба за клевета против Е. Џин Керол

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп поднесе тужба за клевета против Е. Џин Керол, тврдејќи дека таа лажно го обвинила за силување, иако поротата во граѓанско судење потврди дека Трамп сексуално ја нападнал Керол.

Тужбата на Трамп против поранешната колумнистка на магазинот „Ел“, поднесена во федералниот суд на Менхетен во вторникот, доаѓа по необичниот заклучок на поротата во мај оваа година, во кој се тврди дека Трамп сексуално ја нападнал Керол, но не ја силувал, пренесува „Ројтерс“.

Трамп бара повлекување на тужбата, како и неодредена компензација и казнена отштета, но адвокатката на Керол Роберта Каплан рече дека тужбата на Трамп не е „ништо повеќе од неговиот последен обид да ја избегне одговорноста“.

Слични содржини