Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди својот ирански колега Хасан Рохани никогаш повеќе да не му се заканува на САД.

Иранскиот претседател вчера упати предупредување до Доналд Трамп да „не си игра со опашката на лавот, инаку ќе зажали“.

„Никогаш повеќе не се заканувајте на САД или ќе ги трпите последиците од какви малкумина страдале во историјата”, напиша Трамп на „Твитер”, користејќи само големи букви, што во Интернет комуникацијата се сфаќа како викање.

„Ние повеќе не сме земја што ги поддржува вашите луди зборови за насилство и смрт. Внимавајте!“, додаде Трамп.

Слични содржини