Трас: Господе, чувај го кралот!

од Nikola Popovski

Премиерката на Велика Британија Лиз Трас се огласи по смртта на кралицата Елизабета Втора, опишувајќи го настанот како „голем шок за нацијата и светот“.

„Сите сме скршени“, рече Трас пред толпата народ собрана пред Даунинг стрит.

Трас ја опишува кралицата како „карпата на која е изградена модерната Британија“ и „самиот дух на Велика Британија“.

Таа се сеќава како отишла во Балморал пред само два дена за да се сретне со кралицата и да положи заклетва како премиерка, додавајќи дека монархијата била „посебна инспирација“ за неа.

Премиерката вели дека посветеноста на кралицата на должноста била „пример за сите“ и дека денес е „ден на голема загуба“.

Таа, исто така, му оддаде почит на кралот Чарлс, велејќи дека земјата сега мора да се обедини за да го поддржи и да ја понуди својата „лојалност и посветеност“.

Таа својата изјава ја заврши со зборовите: „Господе, чувај го кралот“.

Слични содржини