„ТРЕБАШЕ ДА ГО ВИДАМ НА КОБНИОТ ДЕН“: Другарка на Кецмановиќ откри за какво момче станува збор

од Nikola Popovski

Осомничениот за масакрот во основното училиште во Белград, Коста Кецмановиќ (13) на 3 мај требало да има час во музичкото училиште во кое посетувал, велат дел од тие кои го познаваат момчето.

„Тој ден требаше да бидам со него на часот. Не ми се верува дека можеше тоа да го направи тоа. Секогаш беше многу мирен и добар, се смееше, се дружеше со нас, воопшто не го избегнувавме“, вели пријателка од музичкото училиште, пишуваат српските медиуми.

Неговите другари од групата во музичкото училиште се целосно вчудоневидени по масакрот и, како што им кажале на своите познаници, никој од нив не забележал дека тој планира такво зло. Сите се шокирани како може ова да му се случи на толку убаво семејство и како ова однесување не се манифестирало порано, но момчето секогаш оставало впечаток на мирно и културно дете, добар ученик и успешен во воннаставните активности.

Кецмановиќ е осомничен дека на 3-ти мај во ОУ „Владислав Рибникар“ убил осум ученици и училишен чувар и ранил шест ученици и наставничка по историја. Со оглед на тоа дека има 13 години, осомничениот не може кривично да одговара, а се чини дека тоа го знаел со оглед на тоа што на телефонот го пребарувал Кривичниот законик на Србија.

Се сомничи дека Кецмановиќ еден месец претходно го планирал делото. На 3 мај, осомничениот зел два пиштоли од сефот на неговиот татко и се упатил кон училиштето. Се сомнева дека најпрво му го одзел животот на училишниот чувар Драган Влаховиќ.

Слични содржини