Тренчевска: Бараме решение да не се зголемат платите на функционерите во 2024 година

од Radmila Tasevska

„Во секоја демократска држава каде што владеее демократијата има протести, забраната за протести беше до 2017 година. Легитимно е луѓето ако не се задоволни да излезат на протест. Дали администрацијата е во право со тоа што протестира на нов Општ Колективен договор,на зголемени плати? Од 2017 година наваму во одредени дејности од 70 до 80 отсто зголемени плати, на зголемување на платата во септември од 10 отсто, на нова методологија која што ветува раст на платите во администрацијата, на К15 за прв пат од 10.000 денари, а од следната година најмалку 30 отсто. Синдикатите беа дел од потпишување на новиот општ колективен договор,“ посочи министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во Дневникот на Сител Телевизија,во врска со протестите на администрацијата.

За платите на функционерите, таа истакна дека треба да се сменат седум закони, а постои ризик во Парламентот да не се донесе законот. Како и дека право на пратениците е да предлагаат закони и измени на закони, но никој од нив не излезе со предлог закон.

„Во законите кои треба да ги менуваме законите за судии и јавни обвинители се вели дека не смее да се намали платата на судиите и јавните обвинители со закон или одлука на Влада или државен орган. Наидуваме на пречка. Бараме решение е да не се зголемат платите во 2024 година, и ќе го најдеме до крајот на годината,“ рече Тренчевска.

Слични содржини