Хороскопот вели дека при прв проблем во врската знаат да се оддалечат и да побарат нов емотивен партнер. Трите знаци на кои неверството им е во крвта се: Близнаци, Лав и Вага.
Тие ќе ве изневерат секогаш кога ќе имаат можност. На некои тоа ќе им го подигне егото, а на други ќе им донесе ново ниво на енергија во врската.
Близнаци
Заводливиот и шармантен Близнак нема проблем да го привлече вниманието на спротивниот пол. Тој плени со својата харизма и никој не останува имун на неа. Мана му е што многу кратко му трае вниманието и фокусираноста, па заедно со нерешителноста овој знак знае и тоа како да си ги закомплицира емотивните односи. Погодувате, станува збор за “шарање“, бидејќи кога и да се создаде можност во него се буди страста и тешко може да одолее. Близнаците се многу напорни партнери и често барат повеќе отколку што даваат.
Лав
Огнените Лавови мораат да бидат во центар на вниманието, каде и да се наоѓаат. Жените родени во овој знак се вистински кралици на драмата, своите желби ги ставаат пред сè. Ако не се почувствуваат доволно важни, или ако се почувствуваат потценето, често го „креваат“ носот и ја покажуваат најлошата страна од личноста. Ако во врската не добиваат големо внимание, почит и поддршка од партнерот, тие лесно ќе се свртат кон друг партнер и нема да жалат за тоа.
Вага
Вагата е кралица на флертот. Таа обожава да дава и добива комплименти, а тоа е еден вид храна за нејзиното его. И кога е највљубена и во целост посветена на својот партнер, таа и понатаму ќе заведува на сите страни, а тоа често може да прерасне во нешто повеќе. Со оглед дека е естетичар, Вагата паѓа на пофалби за изгледот, а нивното внимание го освојува личност која е убава, заводлива но и опуштена.