Три растенија кои не треба да ги чувате во куќа

од Vladimir Zorba

Енергијата која цвеќињата ја испуштаат е всушност енергијата која му е неопходна на човечкото тело, па преку цветната терапија се враќа на својата природна рамнотежа.

Сепак, има и растенија кои шират лоша енергија, внесуваат нерамнотежа и дисхармонија во вселената и човечкото тело – објаснуваат и советуваат експертите за фенг шуи кои растенија не треба да ги одгледувате каде што живеете.

Кактус

Поради позитивната енергија во куќата, никогаш не треба да чувате растенија со трње. Растенијата кои имаат трње носат раздор и немир.

Тоа не значи дека не можете да имате никаков кактус во вашиот дом, туку важно е каде ги чувате тие цвеќиња.

– За да избегнете негативни ефекти, не ги ставајте во спалната соба бидејќи нема добро да се одморите, а можни се последици и во врската. Немаат место ниту во трпезаријата, бидејќи може да ја зголеми тензијата меѓу членовите на домаќинството. Најдобро е да поставите саксии со кактуси на надворешната страна од куќата или во ходникот, доколку живеете во стан. На овој начин кактусот станува сојузник кој ја држи лошата енергија на пристојно растојание од вас – советуваат експертите за фенг шуи.

Бонсаи

Џуџестото дрво изгледа многу украсно, но според фенг шуи, тоа не влијае добро на куќата. И бонсаи и таа древна уметност на усогласување на животот со природата доаѓаат од Исток, но според ова учење, сè што има ограничувања, во овој случај ограничен раст, носи лоша енергија.

– Бонсаи не е симбол на напредок и шири негативни вибрации. Ако не сакате секојдневието да ви биде ограничено, не го внесувајте во домот – советуваат тие.

Агаве

Агаве има многу долги листови, поради што привлекува негативна енергија, па затоа не е добро да расте во куќата, но поради некои лековити својства што ги има, корисно е да се засади во градината.

Слични содржини