Трудо: Индија можеби стои зад убиството на канадскиот водач на Сиките

од Vladimir Zorba

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави денеска дека индиската влада можеби стои зад убиството на канадскиот водач на Сиките Хардип Синг Нијар пред храмот на Сиките на 18 јуни во Британска Колумбија.

Трудо рече дека канадското разузнавање идентификувало „веродостојна врска“ меѓу неговото убиство и индиската држава, објави Би-Би-Си.

„Секоја вмешаност на странска влада во убиството на канадски државјанин на канадска територија е неприфатливо кршење на нашиот суверенитет“, рече Трудо пред Долниот дом на парламентот.

Слични содржини