Труењето во Делчево било поради не хигиена во сендвичарницата

од desk4

Нечисти садови и работни површини во сендвичарницата Кинг се причината за труењето на десетината основци од Делчево, информира ТВ24.

Мострите земени минатата недела покажаа присуство на фекални бактерии на местата каде се подготвувала храната. Пријава ќе биде поднесена од Државниот санитарен инспекторат, а од Центарот за јавно здравје во Кочани наложуваат дезинфекција на објектот.

„Присуството на овие бактерии најверојатно се должи на несоодветната хигиена на објектот и не соодветна и не адекватна хигиена на персоналот којшто работи овде. Тоа укажува дека храната се чува во несоодветни и неадекватни услови, не стерилни садови каде што стои храната“, вели Магдалена Манасиева – Центар за јавно здравје Кочани

Родителите бараат поголема контрола на објектите што продаваат храна посебно во близина на училиштата. Проблем е и што голем дел од учениците се незадоволни од квалитетот и разновидноста и не се претплатуваат за храна во училиштата. Во основното училиште Ванчо Прке од Делчево каде учат затруените деца велат дека само една третина добиваат храна во училиштето, а немаат контрола за она што го јадат надвор.

„Апелираме и до родителите и до децата дека овие понуди се сигурни дека овие понуди им гарантираат здрав оброк, разноликост во сите пет работни денови односно тие имаат различни оброци и апелираме да ја користат оваа наша погодност“, вели Горан Велков – в.д директор на Основно училиште Ванчо Прке Делчево

Пред десетина дена од Министерството за образование најавија дека ќе спроведуваат контроли за квалитетот и безбедноста на храна во училиштата и ќе работат на подобрување на квалитетот и разновидноста на храната што им се нуди на децата во училиште.

Зборови кои не се пронајдени в

Слични содржини