Царовска: На јавноста и е јавно достапна новата коцепција која се усвои во Владата

Министерката за образование и наука, Мила Царовска денес на новинарско прашање образложи до која фаза е новата концепција за основно образование и упати апел до професорите и наставниците во овој момент да дадат придонес во подготовката на новите наставни програми предвидени со оваа концепција.

„Јавноста е запознаена и се познати деталите од концепцијата во основното образование која се усвои на владина седница. Сега на ред е јавниот повик, кој се однесува на подготовка на наставните програми, кои ќе започнат од следната учебна година. Сите наставници и професори сакам да се вклучат во оваа подготовка на програмите“, истакна Царовска.

Слични содржини