Цел град во Шпанија слабее, целта им е да ослабат 100.000 килограми до 2020 година

од desk2
95 прегледи

Во крајниот северозападен дел на Шпанија има мал град кој реши да изгуби 100.000 килограми до 2020 година, а за тоа се промовира здрава диета за населението и занимавањето со спорт, со што ќе треба да почнат во јануари следната година.

„Во 21 век, заборавивме дека луѓето се направени да одат“, вели Карлос Пињеиро, локален семеен лекар, кој стои зад програмата, а ја поддржа градскиот совет.

Пињеиро често може да се види во локалниот парк, каде им помага на жителите да се загреат и да вежбаат.

Во програмата учестуваат и децата и возрасните.

Сместен на атланскиот брег во Галиција, градот со 40.000 жители, има 9.000 луѓе со прекумерна тежина, а дури 3.000 страдаат од гојазност.

Познат по својата гастрономија и огромните порции, Галиција е регион со најдебели луѓе во Шпанија

Регионот е деождлив, па тоа ги спречува луѓето да излезат надвор и да вежбаат, остануваат дома и јадат, вели лекарот.

Повеќе од 4.000 жители, или десетина од популацијата се придружи на проектот.

За да искажат поддршка на народот, во програмата се вклучи и градоначалничката со сите советници. Градоначалничката вели дека во март тежела 82 килограми,а сега 70.

Сега таа секојдневно пешачи или вежба во гимнастичката сала по час и половина, а во петоците танцува, па нозете престанале да ја болат.

Програмата нуди персонализирани диети и физички активности/

Во градот, 18 ресторани нудат поздрави порции, и повеќе морска храда од свинско.