Центарот на Љубљана претворен во урбана градина за спас на пчелите

од desk2
84 прегледи

А1 Словенија и Греј Љубљана, по повод Светскиот ден на пчелите, поставија медоносни растенија во центарот на Љубљана, кои што граѓаните можеа да ги земат дома, со цел да им помогнат на градските пчели да најдат храна, пренесува Marketing365.mk


За да им помогнат на градските пчели, по повод Светскиот ден на пчелите, А1 Словенија и Греј Љубљана во текот на една недела го претворија центарот на Љубљана во урбана градина со 3.500 медоносни растенија. Нивната намера беше да ги поттикнат пешаците и тие да им помогнат на градските пчели.

Можеа да понесат дома едно од 12-те различни видови на растенија, да ги пресадат во градината или да ги стават на балконот, а со тоа да создадат своја сопствена оаза на пчелна храна во својот дом.