Цеца за два месеца заработува 300.000 евра

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Света Цеца Ражнатовиќ, која беше во центарот на вниманието на јавноста изминатите неколку недели, заради документарниот филм „Junaci doba zlog: Svetlana Ražnatović – srpska majka“, во кој се зборуваше за нејзините врски со криминалните кругови и политичарите на власт во 90-тите и денес, наводно со своите настапи заработува „луди“ цифри пари, а денешните таблоиди наведуваат дека за само два месеца, оваа естрадна sвезда успева да заработи 300.000 евра.

Цеца деновиве активно настапува и наплатува многу. „Српска мајка“ закажа десет настапи во дискотеки низ Србија и Црна Гора, а ќе ја посети и Македонија.

Една од првите непланирани прослави на која Ражнатовиќ пееше беше на прославата организирана од Новак Ѓоковиќ, откако тенисерот ја освои титулата на Ролан Гарос. Според српските медиуми, таа наводно не земала хонорар за таа прослава.

Слични содржини