Ципрас со закани по стабилноста на Европа

од Vladimir Zorba

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека кредиторите на Грција немаат друг избор освен да постигнат договор со неговата влада.

Тој истакна дека Европа нема потреба од повеќе нестабилност. “Никој не сака ќор-сокак во преговорите”, изјави Ципрас пред грчкото издание “документ”.   “Враќање кон несигурноста не е најинтелигентниот  избор, особено кога Европа се соочува со сериозни предизвици”, истакна тој.

Грчкиот премиер изјави дека спасувачката програма за Грција – третата од 2010 година, ќе пропадне, ако неговата влада падне. Третата спасувачка програма за Грција, која започна во текот на летото на 2015 година и треба да трае до 20 август 2018 година, предвидува доделување на кредити во вкупна вредност 86 милијарди евра во замена за реформи од страна на грчката влада.

Грција започна повторно во вторникот преговори со доверителите си – ЕУ и ММФ, за постигнување на договор со цената на нови отстапки, за да може да продолжи финансиската помош за земјата. Прекин на преговорите, за да биде одведена земјата кон избори, ќе доведе до неуспех на спасувачкиот план.

Слични содржини