Циркус: Како Џонсон го прослави „голот во гости“ на Хенкок (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
373 прегледи

Британската влада објави истрага за време на која има намера да утврди како снимките на поранешниот министер за здравство Мет Хенкок стигнаа до британските таблоиди и го принудија да си даде оставка, а на социјалните мрежи широко се споделува монтажа во која премиерот Борис Џонсон го слави „голот на Ханкок во гости“.

Иако првично ги отфрли барањата за смена на Хенкок од позицијата министер за здравство, Џонсон ја прифати неговата оставка откако беа објавени фотографиите во таблоидите во кои Хенкок беше во страсна прегратка со жената што тој лично ја назначи на јавни функции, пренесува „Ројтерс“.

На мрежите сега се појави изменето видео, во кое Џонсон го слави голот на англиската репрезентација против германската репрезентација на Европското првенство во фудбал, но наместо тоа на ТВ-екранот е „залепено“ видеото во кое Ханкок и неговата љубовница страсно се бакнуваат. Значи, излегува дека Џонсон навистина се радува на „голот во гости“ од неговиот сега веќе поранешен министер.

Слични содржини