„Црната листа“ не им може ништо: Huawei увезле американска технологија во вредност од милијарди долари

од Vladimir Zorba

Кинескиот телекомуникациски гигант Huawei и најголемиот кинески производител на чипови, SMIC, увезоа американска технологија во вредност од милијарди долари од ноември до април.

Ова се случи и покрај тоа што беше ставено на црната листа за трговија на САД, покажуваат документите објавени од Конгресот.

Според документите, на американските добавувачи им биле одобрени 113 дозволи за извоз во вредност од 61 милијарда долари за продажба на стоки на Huawei, додека други 188 лиценци во вредност од речиси 42 милијарди долари добиле зелено светло за SMIC (Semiconductor Manufacturing International Corp.), пренесе Ројтерс.

Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска гласаше за одобрување на барањето на највисокиот републикански член Мајкл Меккол за објавување податоци за дозволите, кои Конгресот ги добил од Министерството за трговија во мај.

Слични содржини