Цветковиќ: Факт за оваа земја е дека ЛГБТИ заедницата најчесто е на удар токму на насилства

од Vladimir Zorba

ЛГБТИ заедницата има право на политичка борба, политичка борба за еднаквост. Тоа е заедница која традиционално векови наназад е малтретирана, дискриминирана, исклучувана, бришена, така што нема потреба дасе грижите дали тиезапочнале политичка борба, вели за Само Вистина Ирена Цветковиќ, извршна директорка на Коалиција Маргини.

Таа вели дека имаат политичка агенда а тоа е сите човекови права за сите луѓе, односно свет на еднаквост во кои сите луѓе се почитуваат и никој на никого не му загрозува туѓи права заради нечија етичка или морална позиција.

– Ќе се согласам дека заедницата е поорганизирана од порано, дека сме погласни, нема да се согласам дека сме побогати затоа што не сме, ова е инсинуација која не можете да ја докажете, агресивни не сме. Она што е факт за оваа земја е дека ЛГБТИ заедницата најчесто е на удар токму на насилства, истакна таа.

Слични содржини