Туфегџиќ: Почестена сум што сум дел од Советот на Османи, не сметав дека треба да прашам кои ќе бидат други членови

од Nikola Popovski

Поканата ја добив од министерот Османи и беше покана на лично име. Ја прифатив, бидејќи сметам дека можам да дадам придонес во делот на вградување на младите во рамките на системот на надворешна политика, изјави синоќа поранешната пратеничка од СДСМ, Ивана Туфегџиќ, за ТВ 24, откако нејзиното име се најде во Стратегискиот тим на МНР.

Таа наведе дека не биле информирани кој друг ќе биде член на тој Совет.

„Завчера беше првиот состанок и тогаш првпат сите се видовме. Секој коментар за тоа како сме биле избрани треба да го даде самиот министер. Не сметав дека треба да прашам кој ќе биде дел од Советот, со оглед дека се работи за лична покана“, информира Туфегџиќ и додаде е почестена за членувањето, со оглед на претходниот мандат што го имала во Собранието и активноста во Комисијата за надворешна политика.

Меѓу имињата кои се дел од Стратегискиот совет на минисерот Османи се и Валентина, Божиновска, Срѓан Керим, Марјан Ѓуровски, Нано Ружин, Денко Малевски, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габер и други.

Слични содржини