Турист ја пронашол изгубената кредитна картичка на Харисон Форд

од Nikola Popovski

Познатиот актер Харисон Форд ја изгубил кредитната картичка во летувалиште во близина на Палермо на Сицилија, но му била вратена благодарение на германски турист, соопшти денеска локалната полиција.

Туристот ја нашол картичката и ја донел во локалната полициска станица во летното одморалиште Мондело, објави АП.

Полицијата го пронашла Харисон Форд и му ја вратила картичката, а не е познато дали славниот актер воопшто забележал дека останал без кредитна картичка.

Слични содржини