Постојат атрактивни дестинации кои се желба на многу луѓе ширум светот и подеднакво ги привлекуваа туристите од седумдесеттите години, како што тоа го прават и денеска.

Туристите поминуваат илјадници километри за да ги видат, а потоа кога ќе успеат во тоа, доживуваат благо разочарување.
Првенствено, поголемиот дел од атракциите и масовниот туризам се главна замка, па се поставува прашањето дали воопшто вреди да се помине толку голем пат. Погледнете за кои дестинации станува збор.
Стоунхенџ, Англија
Околу 1,3 милијарди луѓе го посетија праисторискиот споменик Стоунхенџ во Англија, а токму оваа знаменитост се најде на листата на најголеми замки за туристите ширум светот.

„Не само што е гужва, туку споменикот воопшто не е толку голем како што сите сметаат. Камењата не се високи 15 метри, а бројот на луѓе го одзема чувството кое би требало да ви се роди на едно вакво место“, пишува на порталот „Far & Wide“, кој ја подготви оваа листа и даде посебен коментар за секоја од овие туристички атракции.
Нијагарини водопади, Канада и САД
Не станува збор за тоа дека водопадите не се импресивни, но туризмот е токму она што му го зема духот на ова место.
„Проблемот со водопадите е целата мини економија изградена околу нив. Канадската страна е малку подобра од американската, но и понатаму не можете да се движите нормално од бројните продавници за сувенири, кич ресторани и останати туристички атракции“, пишува во погоре споменатиот портал.

Тајмс Сквер, Њујорк
Гужва, продавници за сувенири и улични музичари прават ова место всушност да ја загуби целата историска вредност.
„Премногу е гужва и нема ништо забавно. Тоа секако нема да ги спречи туристите да го посетуваат, а за нормално да се движите потребно е да се оддалечите неколку минути од скверот“, пишува на споменатиот портал.
Таџ Махал, Индија
Една од најубавите светски градби, која не се наоѓа без причина на оваа листа.
„Прво, ќе се возите многу долго време до таму. Потоа ќе чекате во подолгиот ред за да влезете. А тогаш кога конечно ќе сте таму, вие и уште отприлика милион луѓе бесцелно ќе талкате по палатата, ќе сликате и ќе ја пропуштите поентата на ова место, кое е изградено од жал за загубена љубов“, стои во описот на оваа голема туристичка атракција.
Кривата кула во Пиза, Италија
„Постои кула во Пиза која е искривена. И тоа е отприлика се“, пишува „Far & Wide“.

Можете и да се качите на кулата, доколку сакате да погледнете одозгора, а тоа ќе ве чини 18 евра.
Венеција, Италија
„Многу туристи, никаква убавина, тоа е се што ќе видете во Венеција“, пишува на овој портал.
На листата се најдоа уште неколку туристички атракции како зградата Емпаер Стејт, Версај, Колосеумот во Рим, кулата во Лондон, Мона Лиза во музејот Лувр, пирамидите во Гиза, статуата мала сирена во Данска и фонтаната Ди Треви во Рим.
„Ова се најдобрите, но и најчудните места на кои ќе се запрашате за денешните вредности во општеството“, стои во заклучокот од текстот на порталот „Far & Wide“.