Туристка уапсена во популарно летно одморалиште поради „непристоен“ костим за капење! (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Туристка од Велика Британија, облечена во костим за капење, беше снимена во 2020 година како им вика на полицајците на Малдиви дека ја „сексуално ја напаѓаат“ додека ја апсат.

На видеото се гледа како тројца мажи се борат со жената и се обидуваат да ѝ стават лисици, додека таа се обидува да се оттргне од нив, пишува „Дејли меил“.

Друг маж покрил дел од нејзиното тело со пешкир додека ја носеле пред толпата на островот Мафуши.

Британката е уапсена за „непристојно изложување“, но по ширењето на видеото за апсењето, дојде до извинување од шефот на полицијата на државата.

– Им се извинувам на туристката и на јавноста за ова. Го прифатив предизвикот да ја професионализирам полицијата и работиме на тоа – рече шефот на полицијата.

Носењето костим за капење е дозволено во одморалиштата на популарна туристичка локација, иако е „строго забрането“ надвор од одморалиштето. Сè уште не е јасно каде е направена спорната снимка.

Локалните медиуми објавија дека жената за време на апсењето била под дејство на алкохол.

Слични содржини