Турски државјани се обиделе да излезат преку „Табановце“ со лажни украински дозволи за престој

од Nikola Popovski

Двајца турски државјани биле уапсени на „Табановцe“ при обид да излезат од земјава со фалсификувани украински дозволи за престој.

На 03.06.2023 во 13.15 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, биле лишени од слобода О.Е.(26) и Б.У.(41), двајцата од Р.Турција.

При извршена контрола тие приложиле украински дозволи за престој, при што било констатирано  дека истите биле фалсификувани.

Во извршениот разговор двајцата изјавиле дека дозволите ги набавиле во Р.Турција за сума од околу 4.000 евра. О.Е. и Б.У. биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Слични содржини