Турција испорачува 1,5 милиони каранфили за погребот на кралицата Елизабета

од Nikola Popovski

За погребот на англиската кралица Елизабета Втора, на Велика Британија ќе ѝ бидат доставени 1,5 милиони цветови од каранфил.

Веднаш по објавувањето на смртта на британската кралица Елизабета Втора, одгледувачите на каранфили во јужниот регион на Турција се обидоа да бидат во тек со барањата за погребот, пишува ЕПА.

Според регионалните одгледувачи, побарувачката за каранфили, особено во Англија, е зголемена за речиси 90 проценти.

Смртта на британската кралица поттикна зголемување на бројот на работници и работни часови за да се испратат повеќе од 1,5 милиони цвеќиња за погребот на кралицата.

За побрз транспорт, производителите на цвеќиња се префрлија од копнен на многу побрз воздушен транспорт.

Фото: Profimedia

Слични содржини