Тврди дека е трудна, а има 70 години

од desk2
168 прегледи

 

Седумдесетгодишна жена од Мексико тврди дека е трудна по осми пат и дека може да стане најстарата родилка на светот, ако роди дете за три месеци.

Марија де ла Луз е 70-годишна жена од Мексико која верува дека е трудна и дека носи девојче. Вели дека има слики од ултразвук, и иако не сака да открие детали за бременоста, ниту дали била на вештачко оплодување, Марија вели дека прв пат с епосомневала дека е трудна пред три месеци.

„Ме болеа нозете, ми се вртеше и повраќав. Ми направија десет прегледи со ултразвук во една приватна клиника и јавна болница и лекарите и понатаму не можат да веруваат“, вели 70-годишната жена.

Следниот преглед и е за еден месец, а Марија вели дека очекува породување со царски рез поради нејзините години.

Ако роди дете, Марија ќе стане најстарата родилка на светот. Моменталниот рекорд го држи Марија дел Кармен Боусада де Лара, која на 66 години роди близнаци.