241
Одделението за внатрешни работи Радовиш до основните јавни обвинителства во Струмица и Радовиш поднесе кривични пријави против 35 годишник од Штип, со престојување во Радовиш, поради сомнение дека сторил кривични дела „Уцена“ и „Лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик, соопшти полицијата утрово.
– Во текот на 2022 година и почетокот на 2023 година осомничениот, искористувајќи ја тешката имотна состојба и недоволното искуство на повеќе граѓани од Радовиш, неовластено им давал пари на заем со устен договор, а при тоа договарал несразмерна имотна корист која најчесто била со неделна камата од 100% , односно двојно поголема од позајмената вредност која се удвојувала со секоја помината недела.