Уапсен напаѓачот на њујоршкото метро

од Nikola Popovski

Мажот кое пукаше во 10 лица во вчерашниот напад во њујоршкото метро и рани уште шестмина, по кои полицијата постојано трага од вчера, е уапсен денеска на Менхетен, соопшти њујоршката полиција.

Осомничениот за вчерашната престрелка во Њујорк, 62-годишниот Афроамериканец Френк Џејмс, денеска на Менхетен бил уапсен од њујоршката полиција.

Џејмс вчера околу 8.30 часот по локално време отвори оган во њујоршкото метро на станицата во Бруклин, при што пукаше во 10 лица, а рани уште шестмина.

Пред да отвори оган и да испука 33 куршуми, Џејмс фрлил димна бомба во метрото, поради што уште десетина луѓе морале да побараат лекарска помо поради последиците од чадот.

Слични содржини