Уапсен разбојникот кој ја ограби Халк Банка

од desk2

Полицијата го фати разбојникот кој помогнат со уште двајца на 3 ноември со фантомки на глава од експозитура на Халк банка украдоа 1,2 милиони денари (речиси 20 илјади евра).

Министерството за внатрешни работи соопшти денеска дека станува збор за дваесет и деветгодишниот Е.М. од Скопје кој веќе е приведен. Сепак двајцата кои му помогнале во делото се уште се на слобода и на полицијата не и се познати.

Според документираните сознанија од истрагата, тројцата на 3 ноември околу 09:25 часот на улицата „Александар Урдаревски“ украле од експозитура на Халк банка украле 1.200.000 денари.

„Како што МВР претходно информираше околу овој настан, сега пријавениот Е.М. заедно со две непознати лица дошле во близина на експозитура на „Халк Банка“, ставиле фантомки на главите и влегле во банката, при што Е.М. и едно од двете лица извадиле пиштоли упатувајќи закана по живот кон вработените барајќи да им ги дадат парите. За време на извршувањето на кривичното дело одзеле 1.150.000 денари пари од банката и уште 50.000 денари праи на оштетениот клиент кој во тоа време се затекнал во банката, по што избегале во непознат правец“, стои во соопштението од МВР.

Слични содржини