Уапсен Жерар Депардје

од Vladimir Zorba

Францускиот актер Жерар Депардје беше приведен во полиција во понеделникот наутро за да биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени.

Според информациите на BFMTV, Жерар Депардје бил однесен во полициска станица во Париз каде ќе биде сослушан.

Две жени го обвинија актерот за сексуална злоупотреба. И двата случаја биле на филмски сетови, едниот во 2014-та а другиот во 2021 година.

Депардје го бранеа многу истакнати членови на културниот живот во Франција, како и самиот претседател Емануел Макрон.

Слични содржини