Уапсена група бели врховисти

од Stefanija Kuzmanovska
411 прегледи

Полицијата во Милано уапси членови на таканаречената „Револуционерна авангарда“, тајна организација на крајната десница, која е инспирирана од американските бели врховисти.

Нејзините членови, претежно млади луѓе на возраст од околу 20 години, се обединиле врз основа на идеи типични за нацизмот и фашизмот и поттикнувале насилството врз основа на расна, национална и верска нетрпеливост, пренесе агенцијата „Анса“.

Според полицијата, групата подготвувала насилни и заканувачки активности за обезбедување пари и тие си се обраќале со имиња на луѓе кои во минатото станале симбол на неонацизмот.

Истрагата исто така открила дека тие се поврзани со слични движења во Европа.

Слични содржини