Уапсена поранешната премиерка на Шкотска

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешната шкотска премиерка Никола Старџен е уапсена во врска со тековната истрага за финансирањето и финансиите на нејзината СНП, објави Би-би-си.

Полицијата потврди дека 52-годишната политичарка е приведена како осомничена и е сослушана од детективи.

На 5 април, полицајците го претресоа нејзиниот дом и седиштето на партијата во Единбург.

Полицијата го уапси и нејзиниот сопруг Питер Мурел, поранешен извршен директор на СНП, кој беше ослободен без да се покрене обвинение.

По две недели приведен беше и благајникот на СНП, Колин Бити, но и тој беше ослободен без обвинение, појасни Би-би-си.

Слични содржини