Уапсена „танга банда“ на Миконос: Користеле провокативно облечени девојки

од Nikola Popovski

На популарниот грчки остров Миконос, полицијата имала многу невообичаен случај – уапсила банда џепчии кои биле наречени „танга банда“!

Според локалните медиуми, оваа група од Италија користела провокативно облечени девојки во танга кои го одвлекувале вниманието на туристите, а потоа краделе се што можеле да земат – картички, пари, злато, часовници…

Меѓутоа, само една грешка ги разоткрила. Имено, две полуголи Италијанки се обиделе да ограбат двајца млади Италијанци во бар на плажа, за кои се покажало дека се полицајци кои биле на одмор.

Меѓу нивните жртви бил и американска туристка чиј многу скап телефон бил украден, па таа и младите од Италија пријавиле во полиција што се случило.

Крадците набрзо биле пронајдени со ГПС на украдениот телефон, а работниците од локалната кафеана ги опколиле, не дозволувајќи им да си заминат.

Полицијата набрзо пристигнала на лице место, а како што се наведува, нивното апсење спречило нова кражба бидејќи крадците талкале на плажа барајќи нов плен, пренесоа грчките медиуми.

Слични содржини