Уапсени двајца дилери од Штип – во автомобилот имале дрога

од Берта Китинска

Вчера во 14.40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода В.Љ.(37) и З.Ч.(34), двајцата од Штип. При преглед во возило „сеат леон“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Љ., а сопатник бил З.Ч., била пронајдена марихуана и бела прашкаста материја, појаснуваат од полицијата.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини