Уапсени уште 61 член на најмоќната италијанска мафија Ндрангета

од Stefanija Kuzmanovska

Италијанската полиција уапси уште 61 осомничен член на најмоќната италијанска мафија, Ндрангета, во серија рации во неколку италијански региони.

Повеќе од 500 полицајци учествувале во операцијата која била спроведена во околината на Рим, Лацио, Ломбардија, Пиемонт и Венеција, јавува Би-Би-Си.

Членовите на Ндрангета се осомничени за измама, трговија со дрога, инфилтрирање во владата и изнудување локални фармери.

Минатата недела, повеќе од 100 луѓе беа уапсени ширум Европа во, како што рече полицијата, најголемата операција досега против Ндрангета.

Мрежата на оваа криминална организација се состои од околу 150 семејства и се верува дека ја надминала Коза Ностра како најмоќна мафијашка група во земјата, бидејќи дејствува во повеќе од 40 земји во светот.

Италијанските и белгиските истражители веруваат дека криминалната група шверцувала околу 25.000 килограми кокаин во периодот од октомври 2019 година до јануари 2022 година и префрлила повеќе од 22 милиони евра од Калабрија во Белгија, Холандија и Јужна Америка.

Слични содржини