Убавата пејачка го остави момчето: Причина е ќерка ѝ на Цеца

од Elena Daskalova

Српската пејачка и старлета Каја Остојиќ беше во врска со хрватскиот фудбалер Матео Павловиќ, но нивната врска пукна поради друга српска пејачка.

Парот бил во врска два месеца, а причината за раскинување е ќерката на фолк-дивата Цеца, Анастасија, која и самата гради музичка кариера на балканот.

Каја, наводно, многу се налутила поради тоа што видела дека Матео ја заследил Анастасија на Инстаграм. Го почекала да се врати од тренинг и го обвинила за изневерување. Му рекла дека тоа е знак на непочит и дека нема потреба да ја следи Анастасија и да ги гледа нејзините фотографии.

Тој пак, ѝ рекол дека негово право е кого ќе следи и дека ја следи Анастасија затоа што му се допаѓа нејзината музика. На тоа, Каја одговорила дека кога ја има неа, нема зошто да гледа други девојки.

Матео се налутил и ѝ рекол дека ако не ѝ се допаѓа тоа што го прави, може слободно да си замине. Наводно, веднаш по караницата, таа се спакувала и си заминала од неговиот дом.

View this post on Instagram

Za sada bez dobrog naslova 😎

A post shared by K A Y A (@kaya_ostojic) on

Слични содржини