„Убер“ бележи загуба од високи 5,8 милијарди долари

Во првите три квартали од оваа година, компанијата „Убер“ забележува загуба од 5,8 милијарди долари.

Од компанијата велат дека во третиот квартал приходите биле 3,1 милијарди американски долари, што споредбено со истиот период од изминатата година изнесува 18% помалку.

Главниот финансиски директор на „Убер“, Нелсон Чаил истакна дека е убеден дека компанијата може да биде повторно профитабилна до крајот на следната година/

Изминатата година, компанијата загуби 8,5 милијарди долари, а годинава сумата изнесува 5,8 милијарди долари.

Инаку, за напомена, ден по изборите во САД, акциите на компанијата пораснаа за речиси 15%.

Слични содржини