Убиен истакнат член на италијанската мафија

од Stefanija Kuzmanovska

Истакнат член на мафијашката организација Камора, Антонио Волпе (77) е убиен во заседа во Неапол, соопшти денеска италијанската полиција.

Тој важеше за истакната личност во неаполската мафија, изјави полицијата, пренесува агенцијата АНСА.

Волпе, во кого дожд од куршуми падна од платеник на скутер во неаполскиот кварт Фуоригота, беше постар советник на клановите Барао-Бјанко-Волпе, изјави полицијата.

Волпе беше ранет во напад во 2005 година.

Слични содржини