Убиец, силувал жена, насилник: Сопругот на Ники Минаж повторно осуден на домашен притвор

од Stefanija Kuzmanovska

Кенет Пети, сопругот на познатата раперка Ники Минаж, е осуден на домашен притвор затоа што не се регистрирал како сексуален престапник, што е негова обврска.

Ники претходно го бранеше својот сопруг, кој сега одлежува една година во домашен притвор, откако не успеа да се регистрира како сексуален престапник за пресудата за силување во 1995 година, поради што беше во затвор.

Денес, Кенет Пети заработи уште една казна: тој беше осуден на една година домашен притвор затоа што не се регистрирал како сексуален престапник, што го бара законот. Тој се изјасни за виновен, а исто така беше наредено да плати казна од 55.000 долари.

Имено, овој 44-годишен маж бил осуден за силување во Њујорк во 1995 година и одлежал четири години зад решетки, колку што му било изречено за овој грозоморен чин. Меѓутоа, сопругот на раперката не се пријавил во пропишаните пет дена кај властите во Калифорнија, откако во 2019 година се преселил во оваа американска држава, за неговото име да биде запишано таму, а не само во Њујорк, во регистарот на сексуалните престапници.

Сите се прашуваат што видела Ники Минаж кај него бидејќи Пети е крајно проблематично момче. Овој криминалец беше осуден и на седум години затвор во 2006 година, откако се изјасни за виновен за убиство од небрежност!

Обвинителите не се задоволни од последната одлука на судијата, ќе се жалат и ќе инсистираат Пети да биде осуден на дополнителна затворска казна, со образложение дека куќниот притвор за него не е доволно строга казна.

Слични содржини