Учебната година ќе започне на 1. октомври со онлајн настава

од Берта Китинска

По планот на Владата од денешната онлајн наставата ќе започне на 1. октомври, додека за наставата со физичко присуство се можни промени, најави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска во Собранието.

„Наставата ќе започне на 1 октомври. Но, започнувањето на учебната година зависи од епидемиолошката состојба. Да карикираме, ако на 25 септември имаме голем број заразени, да, ќе стартуваме со онјалн, но со физичко присуство од прво до трето одделение најверојатно ќе го преобмислиме. Ако имаме стабилна епидемиолошка состојба одиме со планот којшто е подготвен“,рече Царовска.

Слични содржини