Ученички си врежувале симболи по телото

од desk2
81 прегледи

 

Родителите и наставниците во едно основно училиште во Сараево, БиХ, се во паника откако откриле дека ученички во седмо одделени со шестар или со острилка си врежувале симболи на скриено место по телото.

Наставниците откриле дека само три ученички од едно одделение немаат врежано ништо. Случајот го откриле кога една ученичка отсуствувала бидејќи „била на лекар“, но сомничавата наставничка се јавила кај мајката да потврди. Оваа и рекла дека ќекра и треба да е во училиште. Тогаш другите ученици од класот рекле дека знаат каде е . Девојчето било пред училиштето со група момчиеа, а по рацете имала врежани крвави симболи.

Таа признала дека тоа е игра што се шири по инстаграм и дека сите девјчиња имаат знаци. Тие се режеле најчесто во пределот на рамото за да не се гледа кога носта куси ракави.

Случајот се уште не е пријавен во полиција, но со ученичките работи психолог.

Слична опасна игра „Предизвик на синиот кит“ беше забележана лани кога 12-годишниот Русин Филип Будеикин беше уапсен поради сомнеж дека наговорил две 16-годишни девојчиеа од Русија да се убијатиграјќи „син кит“. По апсењето тој изјави дека неговите жртви се биолошки отпад и дека се среќни што умираат, а дека тој го чистел општеството.