УЈП ги демантира обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ

од Radmila Tasevska

Управата за јавни приходи ги демантира наводите изнесени на денешната прес-конференција од страна на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Случаите за кои денеска зборуваше Стоилковски, не се дел од презентираната афера од понеделникот. Во однос на посочените даночни обврзници, кои ги презентираше ВМРО-ДПМНЕ, информираме дека УЈП нема извршен поврат како што беше наведено од страна на ВМРО ДПМНЕ. Кај посочените даночни обврзници, кои ги презентираше ВМРО ДПМНЕ, информираме дека по извршените контроли од страна на УЈП се преземени сите постапки, се наведува во демантот од УЈП.

Оттаму посочуваат дека обврзниците доставиле даночни пријави со даночно побарување – аконтации оставени за идни периоди, (а не барања за поврат како што е изнесено во јавноста).

– Износот од 22,000.000 евра кој го споменуваат од ВМРО ДПМНЕ е износ кој е објавен во листа на должници кој всушност претставува даночен долг, а не поврат и е врз основа на извршена контрола за барање на поврат на ДДВ. Информираме и дека побарани се податоци за патните исправи кои се наведени во историјатот на промени во Централен регистар на РСМ  и исто така известена е Управата за финансиска полиција за нивно запознавање и понатамошно постапување, се вели во демантот.

Од УЈП апелираат јавноста да не потпаѓа на овие, како што велат, манипулации и да ги следи официјалните информации кои доаѓаат од страна на надлежните институции.

Слични содржини