УЈП ја објави најновата листа должници: На неа 43 помалку правни лица во однос на претходната листа и 105 повеќе физички лица

Управата за јавни приходи, ја објави најновата листа должнци на долгови доспеани до 30.09.2020 односно неплатени до 31.12.2020 по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, како и други давачки.

Како што информираат од УЈП долгот е повисок од 120.000 денари за физички листа, односно 300.000 за правните лица.

На оваа листа има имиња на 1.974 правни лица, и 2.961 физички лица.

Според тоа, правните лица се 43 помалку од претходната издадена листа, додека бројот на физички лица е зголемен за 105.

Вкупно објавениот нето долг изнесува 10,5 милијарди денари (171 милиони евра), што е зголемување за 237.467.663 денари (3,8 милиони евра) во однос на претходната листа.

Слични содржини