Украден монитор од компјутер од Бугарскиот центар

од Nikola Popovski

Од Бугарскиот културно-информатицен центар во Скопје бил украден монитор од компјутер, извести МВР. Грабежот се случил ноќеска, а бил пријавен утрово во 9 часот.

-Денеска (16.03.2023) во 09.00 часот во СВР Скопје е пријавена е кражба која се случила во текот на ноќта при што со употреба на сила е влезено во објект на Културно-информативен центар на Република Бугарија на подрачјето на Центар во Скопје и е одземен еден монитор од компјутер. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, појаснуваат од полицијата.

Бугарското министерство за надворешни работи веднаш го осуди ваквиот настан и порача дека делото е „ напад на бугарската држава“.

-Ноќта меѓу 15 и 16 март 2023 година непознати лица упаднале во зградата на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје, Република Северна Македонија. Во инцидентот, причинета е материјална штета на задниот ѕид на просторијата, која беше отворена на 25 ноември 2022 година. Без разлика на мотивацијата на сторителите, делото е напад врз самата бугарска држава. Потсетуваме дека со билатералниот договор за отворање на Културно-информативните центри од 2003 година, двете земји се обврзаа да гарантираат нормално функционирање на културно-информативните центри во двата главни града, соопштија од тамошното МНР.

-Од особена важност е да не се дозволи сторителите на ваквите дела да одржуваат чувство на неказнивост, за што се важни и ефективното спроведување на правдата и јавниот наратив создаден од политичарите, се додава во соопштението.

Центарот е формиран во 2006 година како резултат на договор меѓу владите на Република Бугарија и Република Македонија од 18 април 2003 година.

Слични содржини