Украден накит на внуката на Наполеон од француски музеј

од Stefanija Kuzmanovska

Во ноќта меѓу саботата и неделата минатиот викенд бил ограбен францускиот музеј Еберт од кој бил украден накитот на Матилда Бонапарта, внуката на Наполеон, вреден околу 110.000 евра.

Музејот Еберт посветен на Наполеон се наоѓа во замокот Фонтенбло во близина на Париз, поранешна резиденција на француските династии која е реновирана.

Според „Фигаро“, крадците при грабежот користеле скала и го скршиле капакот од просторијата во која се чувал накитот.

Грабежот бил откриен околу 5 часот наутро кога се огласил алармот и персоналот видел две лица во бегство.

Украдените накит на принцезата Матилда Бонапарта (1820-1904) според првата проценка вреди 110.000 евра.

Ерик Вајан, јавен обвинител на Гренобл, рече дека истрагата ѝ е доверена на правосудната полиција.

Тој изјавил дека накитот е сопственост на Фондацијата на Франција, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини